еМагазин
Image default
Македонија

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица

Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по протестот во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово.

– По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски.

Завчера по завршување на протестот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Тие беа приведени затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протестот во Тетово и потоа во Мала Речица кога група млади лица се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.

На протестот во Тетово група граѓани побараа одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица

На протестите во Тетово, приведени двајца демонстранти и повредени четворица полицајци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 65 гласа во Собранието изгласана техничката влада

Редакција

Италијанските воздухопловни сили, заедно со грчките ќе го чуваат македонското небо

Редакција

СДСМ: Не ги поддржуваме измените на Законот за државјанство во предложената форма

Редакција