еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отец Пимен за Божик: Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди!

Митрополитот Европски, Пимен упати порака по повод Рождеството Христово-Божик.

„И додека го чекаме Рождеството на Христа. Пак и пак да си спомнеме…

Ако верувате дека Рождеството Христово е само симболика,

Ако верувате дека Рождеството Христово е само историски настан,

Ако не верувате дека Христос се роди и постојано се раѓа како совршен Бог и совршен човек во сета полнота,

Ако мислите дека Христос дојде да донесе мир и меѓу луѓето добра воља, а истите тие не ве обрзуваат вас како христијани да ги исполнувате, туку постојано се јадете до истребување,

Ако знаете колку пати сме спомнати во Библијата, а не знаете колку евенгелија има во неа,

Ако тврдите дека тоа што сме спомнати во Библијата е чалам, но не и обврска да бидеме подобри луѓе,

Ако верувате дека Еденската градина наместо на небесата е во Македонија,

Ако тврдите дека Господ Бог нè сочувал до денес затоа што сме Македонци, а не дека сме Христови,

Ако постот го завршувате денес, а за десерт си го принесувате братот кој ве опоменал дека ваквото однесување е форма без суштина, останете покрај огновите.

Нека ви бидат топли телата кога веќе ви оладеле срцата.

Христос пак и пак ќе се роди за сите и за сè, за да ни даде урнек какви треба да бидеме и како треба да живееме и љубиме.

Новородениот ќе дојде не само меѓу оние што ќе дојдат на литургијата, ќе дојде и меѓу оние крај огновите за да види дали ќе му дадат корка леб и да ја види добрата воља и дали го живеат мирот кој Он му го даде на светот и ангелот Божји го соопшти при Рождеството или уште се ловат вештерки за кривецот постојано да биде некој друг, а не секој од нас лично со своите гревови.

Ќе дојде можеби и ќе побара едно дрвце за дома за да згрее снага и ќе го добие дрвото по грбот, бидејќи сме го осудиле како неработник или предавник.

И пак.

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го споменувате напразно Името Божјо.

За многу години предвечерието на Рождеството Христово,“ пишува Отец Пимен на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бадник – предвестие за Божик

Г.г. Стефан: Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот

Фото: Пимен/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шахистите на ШК Алкалоид повторно со шампионските титули

Редакција

Министерството за труд вработува 10 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција