еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Отворен Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана

Министерката за култура Ирена Стефоска и нејзината колешка од Албанија, Елва Маргарити денеска го отворија Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Република Албанија.

– Во овој прекрасен ден во Тирана, го отвораме нашиот трет Културно-информативен центар на Балканот. Искуствата од центрите во Истанбул и во Софија ѝ даваат смисла на идејата за места што нè поврзуваат и нè врзуваат.

Впрочем, центрите за култура имаат голема и одговорна задача – да не дозволат да се отуѓиме едни од други кога имаме многубројни причини да бидеме едни со други. Зашто на културата, границите не ѝ се познати, рече министерката Стефоска.

Во своето поздравно обраќање, таа додаде дека водени од европската идеја, силно ги артикулираме заедничките интереси кон целта – подобар живот за сите наши граѓани.

– И овој Културно-информативен центар е уште едно ново, убаво поглавје во односите меѓу Северна Македонија и пријателска Албанија, рече Стефоска, која на директорот на Центарот, Златко Ориѓански, му порача портите на ова културно катче да бидат секогаш отворени за сите на кои македонската култура и уметност им се на срце.

Центарот се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк во Тирана.

Отворањето на КИЦ во главниот град на Албанија се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно Амбасадата на земјава во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на РСМ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку

Редакција

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“

Редакција

На Мешовитиот комитет со Грција биле разгледувани учебниците по историја и географија за основно и средно образование

Редакција