еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“

Информацијата за доставен предлог меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион меѓу Република Грција и Република Македонија, односно за отворање на граничниот премин „Маркова нога“, беше прифатена на денешната 101-ва седница на Владата на Република Македонија, информираат од Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е овластен пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата по предложениот предлог меморандум.

-Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина.

Со отворањето на граничниот премин со сите останати придружни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона, се вели во соопштението од Владата.

Министрите на денешната седница ја усвоија и информацијата за потребата од почнување постапка за водење преговори за склучување договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија.

Преговорите ќе ги води работна група, која е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција: Македонско-грчкиот комитет за ревизија на учебниците е на добар пат

Никола Осило

Грчките пилоти ќе го чуваат македонското небо бесплатно

Редакција

Со Грција ќе се отвараат два нови гранични премини, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога

Редакција