еМагазин
Image default
Македонија

Оваа и наредната недела печатење и испорака на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека оваа и следната недела ќе бидат испечатени и испорачани најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение.

Станува збор за над 20 учебници за кои немало жалбени постапки, по наставните предмети во прво, второ, четврто и петто одделение, на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик.

– Потсетуваме дека нивната изработка следуваше по креирањето нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование.

Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите, соопшти МОН. 

Фото: МИА/МОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 51 починати од Ковид-19, вкупно 4.072

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Редакција

Мерките за влез во Грција остануваат непроменети и оваа недела

Редакција