еМагазин
Image default
Бизнис

Јовановиќ до СДСМ: Капитулиравте со тоа што им ги отстапивте државните финансии на ДУИ

Со реакција на својот Фејсбук профил за предложените кадри за членови на новата влада се огласи и економскиот аналитичар и професор Бранимир Јовановиќ.

Фатмир Бесими е добар економист. Има докторат од Британија, има работено во Народна Банка, уште пред да влезе во политика. Без дилема, многу поквалитетен од Нина.

Но тоа не е битно. Битно е дека државните финансии ги препуштате на ДУИ.

ДУИ, кои откако ги сменија униформите за одела, гледаат само како да лапнат што е можно повеќе тендери, како да стават на државен платен список што е можно повеќе свои членови (по можност и да седат дома), како да поделат што е можно повеќе субвенции на свои гласачи, како да изградат што е можно повеќе дивоградби за своите бизниси.

Во најголемата економска криза во поновата историја, кога илјадници луѓе остануваат без работа, кога многу мали фирми се на раб на затворање, кога економската активност паѓа повеќе од 10%.

Затоа, ве молам, немојте да зборувате за тоа како економијата ви била важна, како ќе сте се фокусирале на неа, како ќе сте обезбедиле економски развој. Наведнете глава и молчете, јасно ни е дека ве натерале да капитулирате“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оваа се сите кандидати: Новата влада наместо 26 ќе има 19 министри

“Дали Заев и Груби ќе имаат и заеднички фејзбук профил?„: Твитер реакции за кандидатите за министри на СДСМ и ДУИ

Фото: Јовановиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекарите и денеска не испорачуваат леб

Редакција

Од понеделник ќе може да се плаќаат сметки во Пошта, но не во сите подружници

Редакција

Агенција за супервизија на осигурувањето: Осигурителните компании да не делат дивиденда

Редакција