еМагазин
Image default
Македонија

Јовески: Снимката во „Ла Верита“ не е излезена од Обвинителството

Видео-снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со предметот „Рекет“ не е излезена од Обвинителството, тврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

– Снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство, вели Јовески во изјава за „Независен весник“.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, пак, не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал.

– Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, изјавија за МИА од Обвинителството.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска во онлајн изданието објави видео од средба на осомничените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) со бизнисменот Јордан Камчев.

Во објавеното видео што било снимено во февруари годинава, како што наведува весникот, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јовески не одговори директно дали Јанева ќе биде повикана во Обвинителство

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Редакција

Дендиас по средбата со Османи во Атина: Грција е најблискиот партнер на Македонија во регионот, без скриени агенди

Редакција

МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат на шпекулации со кои се шири паника и страв

Редакција