еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму.

“Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата.

На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра).

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уапсени поранешни министри. Ако се по барање на СЈО пуштете ги со време„: Твитер се „вжешти„

Телма: Приведени поранешни министри за земјоделство

Димовски за „Фокус“: „Слушнав дека полицијата ме бара, знаат каде можат да ме најдат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум новопочинати од Ковид-19, вкупно 792

Редакција

Каков имот пријавил Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ, кој остана без пасош

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција