еМагазин
Image default
Локално

Пациент физички нападнал медицинско лице во струмичката болница

Медицинското лице В. Ѓ (51), вработена во струмичката болница, вчера околу 17:35 часот пријавила во полицијата дека била физички нападната од Е. Џ.

За настанот денес информираа преку соопштение од СВР Струмица. Портпаролката Александра Трајанова појасни дека не дошло до поголема физичка пресметка, туку нападнатата пријавила дека била турната од пациентот, кој во болницата дошол со своето дете.

Од полицијата додаваат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сандаци со куршуми пронајдени на плажа во близина на хотел во Струга

Редакција

Филмски бркотници со возила и пукање во Скопје

Редакција

Се истражува кој ги запали возилата на Тушеви во штипската населба Сењак

Редакција