еМагазин
Image default
Македонија

Пациентите во штипската модуларна болница од денеска кислородот ќе го добиваат од резевоар

Во штипскиот ковид – центар од денеска се става во функција нов резервоар, кој има капацитет за 20 тони течен кислород, за пациентите кои се сместени во модуларната болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради големата потрошувачка на кислородот од станицата која е со боци, а во интерес на здравјето на пациентите направиле итна набавка на резервоар и течен кислород.

-Деновиве ќе го распишеме и тендерот за редовната набавка на течен кислород, во која се предвидува набавка на 120 тони течен кислород, вели Ѓеорѓијев.

По три дена затишје, денеска штипскиот ковид – центар повторно е полн со пациенти. Модуларната болница е исполнета, а на Инфективното одделение има само три слободни кревети. Во овој ковид – центар се лекуваат 97 пациенти, од кои 41 се на постојана кислородна поддршка. Тројца пациенти од Делчево, Радовиш и Штип починаа во болнички услови.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека коронавирусот засега не се шири меѓу осудените лица. Затворскиот лекар завршил со прегледот, шестмината заразени се добра здравствена состојба, а 13 кои се во изолација поради контакт со нив немаат пројавено симптоми.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Допрва ќе се прави проценка дали треба да се набави руската вакцина против Ковид-19

Редакција

Христијан Мицкоски доби поддршка и од Антонијо Милошоски

Редакција

Пратениците од опозицијата бараат оставките на Филипче и Хасани да бидат доставени од Владата

Редакција