еМагазин
Image default
Свет

Пандемијата на светско ниво се „разгорува“: Речиси 5,7 милиони нови случаи на Kовид-19, починати 87.000

Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирусот се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи.

На глобално ниво, бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, а минатата недела беа пријавени скоро 5,7 милиони нови случаи, се наведува во билтенот на СЗО.

Најдрастично зголемување на бројот на случаи е регистрирано во Југоисточна Азија, пред сè во Индија. Во тој дел од светот се регистрирани 2,26 милиони новозаразени и 17.000 смртни случаи.

Бројот на новозаразени во Европа падна за 12 проценти, во Африка за девет и во Северна и Јужна Америка за осум проценти.

Во Југоисточна Азија има зголемување на смртноста за 81 процент.

Во Европа, во изминатите седум дена биле заразени повеќе од 1,46 милиони луѓе, додека 25.000 пациенти починале.

Во Северна и Јужна Америка, бројот на новозаразени е 1,4 милиони, а за седум дена починале 36.000 луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бразилската полиција заплени 1,3 тони кокаин

Редакција

Нобеловата награда за мир за 2020. ја доби Агенцијата за храна и лекови на ОН

Редакција

Европската комисија засега не планира укинување на ковид сертификатите

Редакција