еМагазин
Image default
Свет

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, вели австрискиот канцелар Курц

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.

– Токму поради невакцинираните сè уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се да е отворено за 70 отсто од населението, отколку се да затвораме, објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Слободарската партија на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Украина се извршени воени злосторства, потврди Истражната комисија на Обединетите Нации

Редакција

Кина е на вистинската страна на историјата во однос на војната во Украина, вели кинескиот министер за надворешни

Редакција

Kатастрофална ситуацијата во Мариупол: Децата заспиваат гладни, болните не добиваат лекови

Редакција