еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина е на вистинската страна на историјата во однос на војната во Украина, вели кинескиот министер за надворешни

Времето ќе покаже дека Кина стои на вистинската страна на историјата во однос на украинската криза и нејзиниот став е во согласност со желбите на повеќето земји, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

„Кина никогаш нема да прифати каква било надворешна принуда или притисок и се спротивставува на какви било неосновани обвинувања и сомневања против Кина“, нагласи Ванг во соопштение.

Неговите коментари доаѓаат по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во петокот го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг за „последиците“ доколку Пекинг обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина.

Ванг истакна дека најважната порака што Си ја испратил е дека Кина отсекогаш била мировна сила во светот.

„Отсекогаш сме биле посветени на одржување на мирот и спротивставување на војната“, рече Ванг, додавајќи дека Кина ќе донесе независни одлуки.

„Позицијата на Кина е објективна и правична и е во согласност со желбите на повеќето земји. Времето ќе покаже дека кинеските претензии се во првите редови на историјата“, рече Ванг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина пред и по војната

(Видео) Русија во Украина користи хиперсонични ракети, за какво оружје се работи

(Видео) „Војната„ за шеќер во Русија продолжува

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за земјоделство склучи договор со Центар за водни технологии вреден 2 милиони евра

Редакција

Општина Дојран склучи договор со “Еко-теам“ вреден 1,9 милион евра

Редакција

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара СОНК

Редакција