еМагазин
Image default
Македонија

Пановски за „Мета“: Ако утре стаса кинеска вакцина, прв ќе се вакцинирам

Професорот од Медицинскиот факултет Никола Пановски, вели дека вакцината од „Синофарм“ е класична вакцина произведена од мртов вирус, не е направена со нова технологија. Тој посочува дека детали околу самите вакцини кои со сигурност може да се потврдат ќе се знаат за две-три години.

„Некој лани да ми речеше дека би требало да се вакцинирам со вакцина од Истокот, веројатно ќе беше навреда, а сега излегува дека тоа е добра опција“, вели Пановски за „Мета“, додавајќи дека во однос на вакцините можеме да се потпреме и на истокот и земјите како Индија и Кина кои се гиганти.

„На квалитетот на вакцината треба да се гледа како за некој друг бренд. Производите им се рамни на западните, се надевам дека и вакцините се такви, квалитетни. Според ова што го гледаме како се справува западот, не треба источните опции да се отфрлаат. Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам,“ вели Пановски.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека поради доцнење на испораките се разгледува можноста и за набавка на вакцини од Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Поради доцнење на испораките, ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини против Ковид-19 од Кина

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Пановски за „еМагазин“: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барањата на приватните специјализанти ќе се решаваат по изборите

Редакција

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека возачот на „бентлито“ е осуден криминалец којшто лежел за обид за убиство

Редакција

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

Редакција