По поканата на министерот за здравство, Беким Сали и доктор Никола Пановски, да биде член на новиот состав на Комисијата за заразни болести, истата на Фејсбук ја искоментира Пановски.
“Каква е таа јавна покана? Се кани на состанок, се разговара, па потоа може јавно да објави што сака. Вака, прво новинари ми се јавија да ме прашаат за нешто што го немав чуено ни прочитано лично.
Нормално на ваков начин секако не прифаќам.
А за совети, давам на секого, секако и министерот ако бара совети ќе ги добие. Министерот Филипче еднаш за две години, само еднаш побара совет од мене и го доби во писмена форма, дури и јавно го објави“, напиша тој во коментар за поканата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.