еМагазин
Image default
Убава приказна

Пантелеон ГС – компанија која придонесува кон развојот на домашната економија и ги задржува младите во земјава

Податокот дека  во земјава имаме квалитетен и високо професионален кадар не е нов, но дека тие луѓе можат и од Македонија да работат за големи светски компании, добро да заработуваат и да бидат задоволни од својата работа и да ги уживаат сите придобивки од тоа, ни потврдува примерот со македонската компанија Пантелеон ГС.

Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар.

Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.

Компанијата има огромен потенцијал за развој, за дополнителни вработувања и несомнено силно се наметнува како деловен систем кој значајно ќе придонесува кон развој на домашната економија, и уште поважно кон задржување на квалитетните кадри дома, во нашата татковина.

„Нудиме работа дома, но под американски услови и стандарди. Работa ексклузивно за клиенти на американскиот пазар, каде сите оперативни активности се целосно прилагодени на клиентите, што подразбира и попладневно работно време, односно од 15 часот до 23 часот.

Ова може да делува невообичаено на прв поглед, но сите наши вработени, без исклучок, извонредно успешно се адаптираа на специфичното работно време. И затоа ние како компанија непрекинато се трудиме да им обезбедиме што е можно подобри услови за работа, конкурентни компензациски пакети и разни други придобивки“, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата.

„Нашите луѓе се нашиот бренд“

Пантелеон ГС се придржува до мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде место каде што вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе имаат можности за напредок и ќе уживаат во работата.

Да биде компанија во која секој млад и амбициозен поединец има перспектива, која го препознaва вложениот труд и потенцијал, обезбедува натпросечна плата, а истовремено и можност во континуитет да се учи и усовршува што е сон на секој млад и амбициозен човек.

„За повеќе од стотина млади луѓе во земјава ова е веќе реалност. Овде талентирани индивидуи развиваат софтверски решенија, управуваат со ризици, даваат осигурителни, финансиски, менаџмент услуги за компании на американскиот пазар. Компанијата нуди разновидни аутсорсинг услуги за реномирани американски компании од различни дејности.

Станува збор за високо профилирани и професионални кадри, кои работат на софистицирани проекти со високо додадена вредност.“, истакнува Палчевски.

Пантелеон Г има стратегија да прерасне во аутсорсинг лидер на Балканот, но и регионален и глобален “talent hub” за млади, амбициозни и способни луѓе. Како дел од оваа стратегија, компанијата ја отвори и својата канцеларија во Белград, Србија, која засега успешно работи и полека го зголемува тимот.

Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на  ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помаѓајки да го врати стариот сјај.

Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ преку и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески и бројни други проекти.

Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА се погрижија за образованието на неверојатно надарениот Македон

Силната посветеност кон современи образовни процеси и развојот на телентирани деца е видлива во одлуката на компанијата Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА да го поддржат образованието на Македон Димитровски, неверојатно надарен 9-годишен ученик од Тетово.

Посебноста на Македон и неговите интелектуални и академски вештини ја наметнаа потребата за обезбедување соодветно образование кое ќе му овозможи остварување на неговиот целосен потенцијал. Важноста на поддршката на Пантелеон ГС и на НОВА, за образованието на Македон е исклучителна, кога ќе се земе предвид поширокиот образовен контекст.

Иницијативата на Пантелеон ГС и на училиштето, претставува одличен пример за тоа како приватниот сектор може да се вклучи во едукативниот процес. Учениците и студентите со огромен потенцијал честопати се соочуваат со економски предизвици кои можат да ги ограничат нивните понатамошни можности. Со оваа иницијатива, Пантелон ГС и НОВА сакаат да му помогнат на Македон и сличните на него.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Смидџин е мал и перфектен: Една година од постоењето на првиот крафт џин произведен во Македонија

Силвана Жежова

Над 3.500 фотографии сведочат за активностите во изминатите 96 години на планинарскиот клуб „Љуботен“

Редакција

15 студенти по хемија и фармација ќе може да стекнат тримесечна пракса во Алкалоид

Редакција