еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел категорично тврди дека не стои зад нападот на болницата во Газа и дека има докази

Израел категорично тврди дека не стои зад нападот на болницата во Газа, во кој според Палестина загинаа над 500 лица и објави како што вели докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемурувачки видеа) Снимки од нападот на болницата во Газа

Според Израел нападот го извршил Исламски џихад.

– Целиот свет треба да знае: Терористите во Газа ја нападнаа болницата во Газа, а не израелското Министерство за надворешни работи (ИДФ), изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на Исламски џихад, Дауд Шехаб пак вели дека тоа е лага и измислица и целосно неточно.

-Окупаторот се обидува да го покрие ужасното злосторство и масакрот што го изврши врз цивилите, вели Шехаб.

Израелското Министерство за надворешни работи пак објави, како што тврди, пресретнат разговор меѓу двајца оперативци на Хамас, кој покажува кој стои зад нападот..

Во овој разговор, според Израел, оперативците на Хамас разговараат за тоа како болницата Ал Ахли ал Араби била погодена од ракета истрелана од Газа.

-Ви велам, ова е прв пат да видиме ваков проектил и затоа сметаме дека му припаѓа на палестинскиот Исламски џихад, вели првиот глас во снимениот разговор.

– Дали ни припаѓа?, прашува другиот глас од снимката.

– Се чини дека е така, одговара првиот глас.

– Боже, не можеше ли да најде друго место да експлодира?!, прашува зачудено другиот глас од снимката.

– Ја застрелаа од гробиштата зад болницата. Ракетата погрешно испука и отскокна, објаснува првиот глас.

ИДФ објави и свое објаснување за тоа како ракетата заврши во болницата:

Фото: Унсплеш/аудио/видео: ИДФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Малата Риниса се роди по втор пат во клиничката болница „Жан Митрев“

Редакција

Интерпол: Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19

Редакција