Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со корона вирусот.
Една од мерките предвидува паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.
„Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок, на сите лица кои ја изгубиле својата работа вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, но и добиле отказ од работодавачот.
Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април кои имаат престанок на работа по основ на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот“, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе подели ваучери од 6.000 денари на 100.000 граѓани за одмор во Македонија
Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи
Со „викенд без ДДВ“ ќе се поттикнува продажба на облека, бела техника, мебел…