еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Парите од ИПА фондовите ќе се пренаменат за борба против корона вирусот

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите во буџетот на во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19, и го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА средства со цел справување со кризата.

„По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19.

Како дополнителен заклучок во врска со ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да ги врати позајмените средства од Буџетот на Република Северна Македонија по завршување на кризата, односно, во рокот и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија“, соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Државен карантин при влез на странските дипломати и нивните семејства ако е нужно

Влада: Ученичките и студентските домови ќе се користат како капацитети за сместување „против“ корона вирусот

Владата со уредба ги запира манипулациите на големите трговци на јужно овошје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко е да ѝ се објасни на Европска унија кои се причините зошто Бугарија ја запира Македонија на патот кон ЕУ, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Редакција

Македонија утре го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ

Редакција

Европската комисија прави напори вакцините за Ковид-19 за Западен Балкан да стигнат паралелно со ЕУ

Редакција