еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори, велат од СДСМ

Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, информира СДСМ, по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за одржување на предвремени брзи парламентарни избори.

„Мицкоски го лажеше народот до пред само три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината – јавноста ја гледа денеска. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката.

Партиите од владината коалиција на советничките листи на овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата.

Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе од советничките места кои ги освоија ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата,“ се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека: „во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.“

„На граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

31 од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај, едно лице неодамно патувало

Редакција

Кој е Арбен Таравари, кандидат за министер за здравство

Редакција

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Редакција