Парното во Скопје од 1. ноември ќе поскапи, а првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски за телевизијата Сител вели дека поскапувањето нема да биде повеќе од 5%.
Тој потенцираше дека зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.
– Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто, коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје.
Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење, така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари, што сметам дека не претставува проблем, рече Бислимовски.