еМагазин
Image default
Македонија

Павле Богоевски за аудио-бомбата од Будимпешта: Нарачував масло од канабис, а не кокаин

Пратеникот Павле Богоевски потврди дека е негов гласот од последната аудио-бомба објавен на руските социјални мрежи од извесен Илија Громовник, а на која се слуша како нарачува забранети супстанци.

Тој на својот Фејсбук-профил објави статус во кој го објаснува случајот, кој Ви го пренесуваме во целост.

„Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.

Би сакал да расчистам неколку работи:

Дали тоа е мојот глас на снимката?

Да.

Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?

Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.

Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот.

Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.

Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015 г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО.

Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.

п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!“, напиша Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ по снимката со кокаинот: „Илија Громовник е мојот Стево Пендаровски“

Од Будимпешта „експлодира“ нова „бомба“

Фото: Фејсбук/Богевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До каде е истрагата за Палевски?

Редакција

Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики

Редакција

207 се реинфекции: Нови 1.865 случаи на Ковид-19 од 6.173 тестирања

Редакција