еМагазин
Image default
Бизнис

Пазарниот инспекторат затвори 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Државниот пазарен инспекторат досега затворил 17 објекти кои не ги почитувале владините мерки за заштита од коронавирусот. Како што соопшти директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, три објекти се затворени на 13 и 14 март, вчера се затворени седум, а денеска, само досега се затворени уште најмалку седум.

„Од денеска веќе постапуваме. Затвораме објекти каде има нарушување и непочитување на владините одлуки. Инспекторите се постојано на терен, и дење и навечер, до 00:00 часот. Но, имаме и дополнителни екипи кои вршат контроли ноќе со оглед на дојавите од граѓани дека некои објекти и тогаш работат“, рече Пауновски на прес-конференција во Владата на која присуствуваа директорите на пет инспекторати.

Според Пауновски, секогаш има луѓе кои не го почитуваат пропишаното, па казните за нив ќе бидат согласно одлуката на Владата.

Како што беше речено на прес-конференцијата, Државниот пазарен инспекторат досега исконтролирал 80 маркети и аптеки. Не утврдил покачување на цените. Спровел и 3.000 надзори. Притоа констатирал дека најголем дел од одбјектите ги почитуваат мерките.

Ако некој има сознанија за објект кој работи спротивно на владините препораки, може да пријави на телефонскиот број 02/3220547.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 31: Пет нови случаи заболени со корона вирусот, помеѓу нив и медицинскиот персонал од Дебар

Кривична одговорност за работодавачите за непочитување на препораките за корона вирусот: Пријави на 151-31

Инспекции и во аптеките за цените на заштитните маски, десет објекти затворени зашто не ги почитуваат мерките

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизиите 21-М и Шења, лани погледани од 1ТВ

Редакција

Министерството за економија склучи договор со Техноскоп вреден 1 милион евра

Редакција

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложиле 685.000 евра во патничко осигурување

Редакција