еМагазин
Image default
Локално

Педесет и три годишник од Теново е починатиот човек најден вчера во реката Вардар кај Радиовце

Тетовската полиција информираше дека е идентификуван починатиот маж, кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот.

Станува збор за 53 годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница, кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.

– По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р. (53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираат од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено мртво машко тело во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме предизвика поплави во Крива Паланка, Велес и Кавадарци

Редакција

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Редакција

Несекојдневен случај: Сто килограми катран од афион откриени во куќа во Кавадарци

Редакција