еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски да го искористи правото на вето за измените на Кривичниот законик, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара од претседателот на државата Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6 септември 2023 ги усвои Собранието.

Платформата нагласува дека има две причини зошто Претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото.

Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:

Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил.

Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција

Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.

Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање до претседателот Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 298 случаи на Ковид-19 од 2.831 тестирања

Редакција

Кривично можат да бидат гонети оние што присилуваат на бојкот, но не и оние што повикуваат

Редакција

Владата побара од МВР да даде предлог како украинските патнички возила без зелен картон да можат да влезат во земјава

Редакција