еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски го прими известувањето за оставката на Заев

Претседателот Стево Пендаровски прими формално известување од Собранието дека е констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада, информираат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

Собранието денеска на седница ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев.

Откако известувањето за оставката е доставено до Кабинетот на Пендаровски, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

На предлог на мандаторот и врз основа на програмата, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би следувало избор на неговата влада на собраниска седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на Заев и кога Ковачевски ќе стане нов премиер

Заев не е повеќе премиер, Собранието ја констатираше неговата оставка и на Владата

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 447 случаи на Ковид-19 од 3.034 тестирања

Редакција

Скопски адвокат ја оспори одлуката за референдумот за името пред Уставниот суд

Редакција

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција