еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Персона нон-грата не се прогласува заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона нон-грата никаде во светот не се прогласува заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност.

„Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција.

Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа.

Ако одиме за санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

Претседателот нагласува дека тоа се прави „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би ги апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

„Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука, а на прво место чувствата на македонскиот народ го демантираат.

Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз, ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија, да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија,“ рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Битола доби приватна уметничка галерија и концепт продавница „СОЛАК“

Редакција

ДОМ: Ако во преговорите има прашања од историја и образование, „францускиот предлог“ не е прифатлив

Редакција

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција