еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Пендаровски: Проблемот со загадувањето на следната седница на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски смета дека проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции и планира за овој проблем да се разговара на следната седница на Советот за безбедност.

„Проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции. Затоа ќе ја интензивирам комуникацијата и координацијата со граѓанските организации коишто дејствуваат во полето на екологијата.

Во мојот одговор на отвореното писмо од здружените граѓански организации и иницијативи, повикав претставници од потписниците на писмото на средба во мојот кабинет на 14.11.2019 во 13.30 часот.

Исто така, проблемот со загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност.

Сакам граѓанските организации да знаат дека целосно се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации“, пишува Пендаровски во одговорот на писмото до здружените граѓански организации и иницијативи.

МИА/Фото:Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две години во бегство: Полицијата го приведе убиецот на Мартин Јанушев

Редакција

Град Скопје ќе субвенционира клима-уреди

Редакција

Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ, но има целосно право да ја блокира Македонија

Редакција