еМагазин
Image default
Македонија

Петков од Брисел: Историјата е важна во односите на Бугарија со Македонија, но не е единствената тема

Бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата во Брисел со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Софија треба да ја надгради својата позиција кон Скопје со работни групи, што не треба да биде политички чин, туку реален.

Според премиерот на Бугарија, позицијата кон Северна Македонија е јасна и е втемелена во коалицискиот договор.

– Историјата е важна, но не може да биде единствена тема во билатералните односи. Интересот на Бугарија мора да се заштити, но и да се надгради. Треба да разговараме за инфраструктурата – железничката пруга од Софија со Скопје мора конечно да се случи.

Во економска смисла – добро е што македонските бизниси можат да продаваат на бугарскиот пазар и, соодветно, бугарските бизниси да бидат на македонскиот пазар, изјави Петков.

Според него, сите на Балканот се заградени, поделени, а толку многу може да се добие од таков процес.

Кирил Петков додаде дека сака да се сретне со идниот премиер на Република Северна Македонија по неговата инаугурација. Најави дека Бугарија ќе го разгледа и повторно ќе го поднесе Планот за закрепнување и развој до ЕК.

Освен со Урсула фон дер Лајен, бугарската владина делегација се сретна и со потрпретседателот на ЕК и еврокомесарот за трговија Валдис Домбровкис.

МИА/Фото: Фејсбук/Петков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори, се уриваваат темелите на државата

Редакција

Заев ќе сведочи како ги добил „бомбите“: Продолжува судењето за „Таргет Тврдина“

Редакција

Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за авионски билети потрошил 102.857 денари

Редакција