еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков: Палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“ е обид за провокација и дестабилизација на нашите односи

Бугарскиот премиер Кирил Петков најостро го осуди палењето на влезот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Тој му се заблагодари на премиерот на С.Македонија, Димитар Ковачевски за брзиот одговор и нагласи дека очекува од македонските надлежни служби да ги бара и казни сторителите на овој, како што го нарече, вандалски чин.

-Најостро го осудувам палењето на Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола, кој е обид за провоцирање и дестабилизација на односите со нашите соседи, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во врска со палењето на Центарот за култура во Битола.

Според Петков, бугарската Влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во С.Македонија и на поддршката на нејзините активности.

Иднината на регионот, дополни Петков, не треба да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинални групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од денеска на HBO Max „Куќата на змејот“, која е поврзана со приказната во „Игра на троновите“

Редакција

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 216

Редакција

Македонија прва земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ

Редакција