еМагазин
Image default
Локално

Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

На 25.05.2020 во 04.00 часот, во тек на постапување на двајца полициски службеници по претходно пријавена поплака за гласна музика во с. Кучевиште, скопско на ул. 4 во близина на црквата “Св.Спас“, во семејната куќа на лицата Љ.К. и В.К., полициските службеници физички биле нападнати од двете лица-браќа, кои биле во видно алкохолизирана состојба, информира МВР.

Потоа, Љ.К. и В.К. се дале во бегство,но набргу биле пронајдени и приведени во Полициската станица Чаир. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација

Редакција

Охриѓанец се тепал на „Туристичка“ наместо да биде во изолација

Редакција

(Галерија) Свети Николе го има најголемото велигденско јајце во земјава: Високо е три метри

Редакција