еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Плацот на Водно е мој, го купив од Камчев: Сергеј Самсоненко сведочеше на судењето за “Плацови на Водно”

Рускиот бизнисмен и почесен конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсонеко сведочеше на денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно”, при што посочи дека неговата сопруга е сопственик на фирмата „Лајв кер центар“, која го поседува плацот од 10.000 квадратни метри, купен од Јордан Камчев.

– Камчев ми ги предложи овој плац, се договоривме 2017 или 2018 година. Го платив 110 милиони денари. Уште нема пат, има блокада, ги трпам штетите од блокадата. Не можам да го продадам, ниту да го дадам под закуп, изјави Самсоненко, кој беше сослушан по предлог на обвинетиот Камчев.

Следното рочиште за овој предмет е предвидено за давање одбрана од страна на обвинетите.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА/Фото: ФК Вардар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британска студија: Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид

Редакција

(Видео) Спасена повредена срна која поминала на „гости“ во Свети Наум

Редакција

(Видео) Новинарите со протест им порачаа на политичартите „вака веќе неможе„

Редакција