еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Плати и надоместоци во бруто износ од 376.000 евра за членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје во 2019

Вкупен бруто износ од 23.149.343 денари или околу 376.000 евра е исплатен по основ на плати и надоместоци лани на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, соопшти банката во годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза.

По основ на плата биле исплатени 17.820.764 денари и надоместоци од 5.328.579 денари.

„Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје се состои од четири членови кои ги именува и/или разрешува Надзорниот одбор, со мандат од четири години.

На 08 јануари 2019 година Т. Скордис поднесе оставка од функцијата генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор.

Следствено, составот на Управниот одбор во текот на 2019 година беше: Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор, Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор и Милица Чапаровска-Јовановска, генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор“, пишува во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Филиповски и Сашко Ќосев реименувани за членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 8,8 милиони евра за три месеци

Бојан Стојаноски именуван за член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијатурист“ во загуба поради корона вирусот

Редакција

Починаа 9 лица заразени од корона вирусот, од нив 6 од Тетово

Редакција

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Редакција