еМагазин
Image default
Свет

По 57 години членство: Катар се повлекува од ОПЕК

Катарскиот министер за енергетика Сад ал Каби најави дека Катар од јануари 2019 година ќе ја напушти Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Одлуката уследи откако Катар, најмалиот производител на нафта од сите членки на ОПЕК, но светски најголем извозник на природен гас во течна состојба, ја редифинира својата меѓународна улога и испланира долгорочна стратегија, која вклучува фокусирање на сопствената гасна индустрија.

– Катар одлучи да се повлече од членството на ОПЕК и Организацијата утрово е известена за тоа, посочи ал Каби.

Тој додаде дека и покрај повлекувањето сепак ќе учествува на состанокот на ОПЕК во Виена, што ќе се одржи на 6 и 7 декември.

Ал Каби наведе дека одлуката за напуштање на ОПЕК не е лесна, бидејќи Катар веќе 57 години беше дел од Организацијата, но влијанието на земјата на одлуките за производството на нафта беше мало.

Тој нагласи и дека Доха ќе продолжи да ги почитува своите обврски како и секој друг производител, кој не е член.

– Одлуката за повлекување е поради плановите на Катар да ги фокусира своите напори на развивање на својата индустрија за природен гас односно зголемување на производството на ЛНГ од 77 на 110 милиони тони годишно, посочи Ал Каби.

Тој додаде дека одлуката не е поврзана со политичкиот и економскиот бојкот на Катар, што беше наметнат од јуни 2017 година од страна на де факто лидерите на ОПЕК – Саудиска Арабија и уште три арапски земји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бионтек“ гради фабрика за вакцини во Сингапур

Редакција

Јапонија и Велика Британија во рецесија

Редакција

Како функционира израелската „Железна купола“, системот за противракетна одбрана

Редакција