еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ: „Ќе беше најдобро на светот ако го уапсевме Груевски без потерница“

Ќе беше најдобро на светот доколку кажевме дека ние сме виновни затоа што немавме никаква потерница и најверојатно требаше без потерница да го уапсиме Груевски, рече во вечерашното обраќање до јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ објаснувајќи ги односите со соседите, пренесуваат српските медиуми.

„И на тој начин да станеме единствена земја во светот што без никаков акт апси некого откако некој распишал потерница 48 часа откако лицето ја напуштило земјата, односно го пуштил преку свoите граници“, изјави Вучиќ, додавајќи дека не некои други тоа би им одговарало.

Тој денеска меѓу другото порача дека доколку некој не ја „заузда“ Приштина работите на Балканот ќе одат кон катастрофа, мислејќи на едностраното воведување трговски бариери за српските производи на Косово, како и најавите за формирање кососвска војска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Фатен моментот на експлозија на бомбата во дворот на грчката телевизија Скај

Редакција

Грчкиот Парламент в петок ќе гласа за Протоколот за НАТО

Редакција

Кој е Стефанос Каселакис, можниот нов претседател на СИРИЗА

Редакција