еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Отровен воздух во Скопје: „Ако не сака Владата сами ќе го мериме загадувањето“

Граѓаните деновиве алармираат дека воздухот во повеќе скопски населби како Лисиче, Карпош, Центар и други е отровен односно многу над дозволените граници.

Со оглед на тоа што од необјасниви причини мерните станици поставени од државата почнаа многу често да откажуваат тие почнаа со сопствени апарати да го мерат загадување, кои покажуваат дека степенот на загадување е десетици пати над дозволеното.

ЕКО ПАТРОЛАМерење на аерозагадувањето со рачен мерач PICO кај нефункционалната мерна станица во Лисиче. Ако не можат надлежните, ќе мериме сами!

Posted by Skopje Smog Alarm on Понеделник, 03 декември 2018

Од друга страна, Владата које вети одлучна борба против загадувањето засега не презема никаков драстичен чекор за намалување на загаденоста на воздухот, туку се обидува со спорадични мерки и декларативни заложби да ги смири граѓаните.

Владини претставници своите неуспешни политики дури ги правдаат со статистички податоци кои покажувале дека во споредба со изминатите години има намалување на загадувањето, што е небулоза, бидејќи е доволно човек да излезе надвор за да сфати дека Скопје деновиве е како гасна комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „гневен“ за загадувањето: „Со влакната во носот против ПМ честички“

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Претходно гласен, денес молчи: Богоев да одговори што презема како градоначалник за да го намали загадувањето во Општина Карпош

Видео: Скоопје смог аларм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мораме да ја растераме воената магла, за да дојдеме до вистината, изјави во Буча главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд

Редакција

(ВИДЕО) Игра со Заев нов хит, собирате вакцини, ако загубите добивате „мало сутра“

Редакција

Маж од Свети Николе починал откако се обидел со кабли да го стартува возилото

Редакција