еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Кој е Стефанос Каселакис, можниот нов претседател на СИРИЗА

Стефанос Каселакис (35) води во изборот за нов претседател на грчката опозициска партија СИРИЗА, откако претходно Алексис Ципрас поднесе оставка.

Тој доби 45,47% од гласовите, но не ги освои потребните над 50%.

Втора на гласањето на кое имаше голем одзив е Ефи Ахциоглу со освоени 36,21% од гласовите, па со нејзе ќе се натпреварува во вториот круг кој ќе одржи следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефанос Каселакис води во изборот за наследник на Ципрас, ќе има и втор круг

Кој е Каселакис

Роден е во Маруси, Грција во 1988 година, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Според неговата официјална биографија на 14-годишна возраст емигрирал во САД. Добил стипендија да заврши средно училиште во Масачусетс, откако претходно освоил сребрен медал на натпреварот „Архимед“ на Грчкото математичко друштво и ја преставувал Грција на балкански натпревар.

Дипломирал на отсекот финансии на Факултетот за бизнис во Вартон, а има и диплома за меѓународни студии.

Во САД волонтирал и во тимот на тогашниот сенатор Џо Бајден (сега претседател на САД) за претседателските избори во 2008 година.

Работел и во надворешно-политичкиот тинк-тенк „Центар за стратешки и меѓународни студии“ во Вашингтон, САД.

За време на економската криза во Грција, тој ја основаше непрофитната онлајн платформа „CVfromGreece“, преку која им помагаше на младите да ги подобрат своите биографии за апликации за работа или студирање во странство.

Каселакис живее во Мајами, САД.

Зборува англиски, германски, француски и шпански јазик.

Од 2015 година е активен во областа на шпедицијата. Има своја бродска компанија “Свифт Булк“.

Важи за голем пријател на животните и голем борец за еднаквост и социјални права.

Исто така тој е отворено геј, а во јавноста се појавува со неговиот партнер Тејлор од САД, кој е медицински техничар и со кого е во заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Фото: Фејсбук/Каселакис/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По розата од Цацко и метлата од Дац: „Дигитрон“ следен подарок за Заев?

Редакција

По колку акции поседуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Адинг

Редакција

Распродажба во УЈП: Запленети камиони, автомобили и телевизори по багателни цени

Редакција