еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Одзивот на гласање до 11:00 часот 15,5 отсто

Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто.

Според Државната изборна комисија (ДИК), на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.

Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица 3 одѕивот на гласање до 11 часот 18,86 отсто, во Изборната единица 4 – 18,55 отсто, во Изборната единица 5 – 15,02 отсто и во Изборната единица 6 има најмала излезност, односно на гласање излегле само 9,26 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

За споредба на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одѕивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа минатата година излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предвремени парламентарни избори: Македонија гласа со маски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Редакција

Поскапува бензинот БС-95, поевтинува Екстра лесното масло за домаќинств

Редакција

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Редакција