еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Анкара отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација во Турција

Во регионот Голбаш во близина на главниот град на Турција, Анкара е отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација во земјава.

Зоната има површина од 3,5 милиони метри квадратни, а земјоделската површина опфаќа 970.000 метри квадратни.

Просторот, кој до пред неколку години беше целосно пуст, опфаќа 39 километри пешачки патеки, 19 километри велосипедски патеки, 160 илјади метри квадратни трева, 45 илјади метри квадратни излетнички места, 15.000 метри квадратни игралишта, езера, кафулиња, ресторани, спортски терени.

Зоната има градина со лаванда на површина од 55 илјади метри квадратни, десетици илјади различни овошни дрвја, големи земјоделски површини, оранжерии.

Комплексот има 5.000 паркинг места, како и огромна површина наменета за организирање фестивали.

Во комплексот има фарма за одгледување коњи, предвидено е и јавање. Има 12 спортски терени, вклучувајќи тениски терени, фудбалски игралишта, за одбојка и кошарка. Во областа има и два мини картинга.

МИА/Фото/видео: Општина Анкара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во Киев и Чернигов

Редакција

(Фото) Штип конечно доби кино

Редакција

Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов

Редакција