еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

По нападот, Русите ја окупираа нуклеарката Запорожје, најголема во Европа

Украинската нуклеарна централа Запорожје е окупирана од руски сили, соопштија денеска регионалните власти на Запорожје, пренесува Интефкас Украина.

„Нуклеарната централа Запорожје е окупирана од воените сили на Руската Федерација. Персоналот работи на своите работни места, оперативниот персонал ја контролира состојбата на енергетските единици и ја обезбедува нивната работа според барањата на технолошките прописи за безбедно работење“, соопшти утрово Државен инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина (ДИАРУ).

По извршениот увид во петкатницата за обука на нуклеарната електрана Запорожје во Енергодар, констатирано е дека гореле просториите на третиот, четвртиот и петтиот кат. Жртви нема.

Градоначалникот на Енергодар, Дмитриј Орлов информира дека има повредени во судирите кај нуклеарната централа Запорожје.

Во гаснењето на пожарот во АЕЦ Запорожје учествувале 40 лица и 10 парчиња опрема, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Украина.

Евакуација на жителите на Енергодар нема да има поради ситуацијата во АЕЦ Запорожје. Сепак, веќе се подготвува план за евакуација затоа што инфраструктурата е уништена и руските војници се присутни на терен.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека утрово го изгаснале пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа. Киев тврди дека руските сили гранатирале и дека се одговорни за пожарот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека спроведува „нуклеарен терор“ и дека сака да ја „повтори“ катастрофата во Чернобил, по гранатирањето на нуклеарната централа во централна Украина, среде руската инвазија.

„Ќе го предупредиме светот дека ниту една земја освен Русија никогаш не пукала во нуклеарни централи. Ова е првпат во нашата историја, првпат во историјата на човештвото. Оваа терористичка држава сега врши нуклеарен терор“, нагласи тој во видео порака.

Украинскиот нуклеарен регулатор не откри „никаква промена“ во нивото на радиоактивност во електраната Запорожје, каде што избувна пожар по руското гранатирање, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Украинскиот регулатор ја извести МААЕ дека не е забележана промена во нивото на радиоактивност во електраната Запорожје“, објави агенцијата на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светските лидери да се разбудат и да спречат Европа да умре од нуклеарна катастрофа, вели Зеленски по гранатирањето на нуклеарката во Украина

(Видео) Војната станува се поопасна: По руско гранатирање изби пожар во најголемата нуклеарка во Украина

(Вознемирувачко видео) Хорор во украински Мариупол: Бројни жртви, жителите без вода, струја и топлина

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Али Ахмети и Зијадин Села не гласаа за да Африм Гаши биде избран за претседател на Собранието

Редакција

(Галерија) Уникатно доживување во етно-ресторанот „Дедо Димо“ во срцето на Куратица

Редакција

Детален преглед: Чаир доминира меѓу скопските општини по бројот на активни случаи на заразени од корона вирусот

Редакција