еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светските лидери да се разбудат и да спречат Европа да умре од нуклеарна катастрофа, вели Зеленски по гранатирањето на нуклеарката во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прибегнува кон „нуклеарен терор“ и дека сака да ја „повтори“ катастрофата во Чернобил, откако нагласи дека руските сили нападнале нуклеарна централа.

Тој упати повик до светските лидери да се разбудат и да ја спречат Европа „да умре од нуклеарна катастрофа“ откако најголемата централа на континентот се запали откако беше гранатирана.

-Ниту една земја освен Русија никогаш не пукала врз објекти за нуклеарна енергија. Ова е првпат во нашата историја. Во историјата на човештвото. Терористичката држава сега прибегна кон нуклеарен терор, рече тој во видео порака.

АЕЦ во Запорожје, индустриски град на југоисток, обезбедува околу 40 отсто од нуклеарната енергија во државата и, според Зеленски, таму има шест од 15-те реактори во Украина.

Според Киев, пожарот започнал откако руските војници пукале врз објектот.

Американскиот претседател Џо Бајден ја повика Русија да престане да ја гранатира АЕЦ Запорожје во Украина и да дозволи вонредни служби да пристапат до објектот.

Висок американски функционер рече дека „нашите најнови информации не покажуваат индикации за повисоки нивоа на радијација и внимателно следиме“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека руското гранатирање на нуклеарна централа во југоисточниот украински град Запорожје може „директно да ја загрози безбедноста на цела Европа“.

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Зеленски, Џонсон вети дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН во обид за прекин на огнот.

Даунинг стрит ситуацијата во Запорожје ја нарече „исклучително загрижувачка“.

Во соопштението портпаролката на кабинетот на премиерот рече: „Двајцата лидери се согласија дека Русија мора веднаш да го прекине нападот врз електраната и да дозволи неограничен пристап на службите за итни случаи до централата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Војната станува се поопасна: По руско гранатирање изби пожар во најголемата нуклеарка во Украина

(Вознемирувачко видео) Најмалку 33 лица загинаа во во руски напад врз две училишта и станбени згради во Чернигов

(Вознемирувачко видео) Хорор во украински Мариупол: Бројни жртви, жителите без вода, струја и топлина

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конференцијата на ОН за трговија и развој предупреди дека, скапиот контејнерски танспорт ќе влијае врз инфлацијата

Редакција

Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Редакција

Починаа четири нови лица од Ковид-19 од Виница, Охрид и Струга

Редакција