еМагазин
Image default
Македонија

По Холандија и Данска демантира дека стои позади бугарското вето за Македонија

Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи.

-Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во ЕУ не се точни.

Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Северна Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори.

Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки, наведуваат од данското МНР, за sdk.mk.

Од Министерството, како што се посочува во веста, потенцирале дека Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан.

-Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година, велат од Министерството за надворешни работи на Данска.

Претходно денеска, и Холандската амбасада во Скопје ја демантираше веста која претпладнево ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Брисел, дека Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Бугарија.

„24 Часа“ го цитираше и фејсбук статусот на обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел, тврдејќи дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ, вели Османи

Данска и Холандија застанале зад бугарското вето за Македонија, тврди бугарски весник

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Редакција

Левица побара инспекциски надзор за користење на знамиња на други држави на спортски натпревари

Редакција

Владата одлучи организираниот превоз во Скопје и тетовско да се врати во нормала

Редакција