еМагазин
Image default
Македонија

По Конгресот нема да има промени во извршната власт, најави Заев

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на 1 септември не би требало да има измени.

Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт.

„Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто оставаат трага за мотивација на следни генерации да се борат да добијат шанса и да дадат свој прилог во унапредување на севкупниот квалитет на живот на Македонија.

СДСМ е сериозен чинител, најголем политички субјект кој во моментов ја има честа и одговорноста да управува со извршната власт, заедно со коалициските партнери. Верувам дека тоа ќе биде поттик на секој да се вгради политички и да помогне во процесите,“ потенцира Заев.

Додаде дека голем дел од највисокото раководство се носители и на високи функции, почнувајќи од заменик претседателката, генералниот секретар, потпретседателите на партијата, кои носат сериозни функции и еден дел од Извршниот одбор, а останатите, посочи, можат дополнително да бидат посветени  на соодветни политики во координација со граѓаните, за да се изградат уште поуспешни политики во претстојниот период.

За обвинувањето од опозицијата дека потпретседателите се партиски послушници, Заев рече дека е нормално кога се членови на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче и Битиќи нови потпретседатели на СДСМ, Царовска и Спасовски ги задржуваат потпретседателските места

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Редакција

Починаа уште 18 лица од Ковид-19, вкупно 1.281

Редакција

Судија од Тетово си поправал оценки од факултет за да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, тој негира

Редакција