еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По понудата за преземање: ЗСФ-КОМ и Современ дом купија 21.224 акции од Скопски пазар

Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека на 31.03.2021 година согласно решението за успешност на понудата за преземање издадено од Комисијата за хартии од вредност се изврши пренос на вкупно 21.224 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје.

„Со постапката за преземање, досегашниот акционер ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 11.347 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.467 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,72% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје.

Со постапката за преземање, досегашниот акционер Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 9.877 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.467 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,72% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје.

По завршување на постапката за преземање ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје и Современ дом АД Прилеп како субјекти што дејствуваат заеднички се стекнаа со вкупно 77,44% од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје.

Досегашниот акционер ЛИКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ како акционер кој имаше сопственост на обични акции над 5% во акционерската структура на Скопски пазар АД Скопје, ја прифати понудата за преземање и изврши отуѓување на сите свои акции со што повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот одбор на „Скопски пазар“ со позитивен став за понудата за преземање од „ЗСФ КОМ“ и „Современ дом“

Објавена понудата за преземање на „Скопски пазар“

КХВ даде зелено светло: „Современ дом“ и „ЗСФ КОМ“ може да го преземат „Скопски пазар“

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Клиниката за кожни болести која предизвика криза во државата со корона вирусот, ќе биде сменета уште денеска

Редакција

(Фото) 30 години дипломатски односи: Денови на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

Не е само Македонија: ЕУ пред катастрофа во набавките на вакцини против Ковид-19

Редакција