еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Две силни „шлаканици“ за Бугарија за македонското прашање

Сериозни удари за Бугарија во однос на македонското прашање деновиве дојдоа од американскиот Стејт департмент и од Европскиот парламент коишто јасно укажаа дека бугарската Влада ќе мора да поработи на признавање на македонското малцинство и на запирање на националистичката реторика кон нашата земја.

Во најновиот извештај на Стејт депратментот се наведува дека бугарските власти и натаму ја одбиваат регистрацијата на активистичките групи на етничките Македонци, како што се Организацијата „Илинден“, Здружението на прогонувани Македонци, жртвите на комунистичкиот терор и Македонскиот етнички клуб за толеранција во Бугарија, наспроти повеќе од десет претходни одлуки донесени од Европскиот суд за човекови права, во кои се истакнува дека одбивањата ги повредуваат правата на здружување на горенаведените групи.

Стејт департментот посочува и дека Советот на Европскиот комитет за превенција од тортура на 1 октомври издал привремена резолуција со „длабока загриженост“ до властите во Софија за „формалистичката примена на законските барања“, која се однесува на постојаното одбивање за регистрација на организацијата „Илинден“, како и на други слични организации од 2006 година

Попусто реагира бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов дека во Стејт департментот не ги познаваат проблемите, додавајќи дека „тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија“.

Истовремено, мнозинството во Европскиот парламент го осуди скандалозниот предизборен видео-спот на европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО на Каракачанов.

Андреас Шидер (Австрија), кој е претседавач на делегацијата на ЕП за соработка со Македонија, заедно со двајцата потпретседатели, Ирена Јовева (Словенија) и Марион Валсман (Германија) издадоа заедничко соопштение во кое ја осудија воспалителното политичка кампања.

„Изразуваме длабока загриженост за неодамнешното видео од европратеник, во кое се поставуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија дел од бугарската влада и се покажува отворено непочитување на европските вредности, само заради политичка кампања.

Ова е во спротивност со основните принципи на ЕУ и Договорот за добрососедски односи меѓу двете земји.

Длабоко жалиме што видеото отворено не го почитува напредокот и напорите направени од Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што признаваат Европскиот парламент, институциите на ЕУ и нејзините земји-членки“, пишува во соопштението.

Европратениците ја повикаа бугарската влада и премиерот Бојко Борисов да го осудат ова видео кое, како што велат, промовира националистички идеологии.

Во видеото, Џамбаски тврди дека Македонија е бугарска и таква и ќе останела, покажувајќи слики од Охрид и Скопје.

Потезите на Стејт департментот и на ЕП покажуваат дека во 21 век нема место за негирање на правата на малцинствата и за националистички идеологии, коишто во Бугарија станаа редовна појава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот Парламент длабоко загрижен, побара Борисов да го осуди скандалозното видео на Џамбаски

Бугарското МНР се огради од скандалозното видео на Џамбаски и го оцени како несоодветно

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40, а од друга над 30 лица, откри Арсовска

Редакција

Маратонска расправа во Собранието за договорот меѓу Владата и „Макпетрол“: Виси судбината на гасоводот

Редакција

Засега полицискиот час останува од 22 до 5 часот

Редакција