еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

КХВ даде зелено светло: „Современ дом“ и „ЗСФ КОМ“ може да го преземат „Скопски пазар“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 96-тата седница со која претседаваше претседателката, Нора Алити донесе решение со кое на „Современ дом“ АД Прилеп и на „ЗСФ КОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се издава дозвола за давање заедничка понуда за преземање на „Скопски пазар“ АД Скопје, соопшти КХВ.

„Понудата за преземање се однесува на 29.256 обични акции со право на глас издадени од „Скопски пазар“ АД Скопје, кои преставуваат 41,24% од вкупниот број на обични акции.

Во моментот на поднесување на понудата за преземање, „Современ Дом“ АД Прилеп веќе поседува 17.590 обични акции од „Скопски пазар“ АД Скопје, што претставува учество од 24,80% од вкупно издадените акции со право на глас на овој издавач, а додека „ЗСФ-КОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има 16.120 обични акции од „Скопски пазар“ АД Скопје, односно 22,72 % од вкупно издадените акции со право на глас на овој издавач.

Согласно член 12 од Законот за преземање на акционерски друштва, оваа понуда е дадена во случај на заедничко дејствување, односно како заедничка понуда за преземање.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 6.500 денари по акција. Преземачите не ја утврдиле најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна“, информира КХВ.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

КЗК бара мислења за преземањето на „Скопски пазар“ од „Современ дом“ и „ЗСФ-КОМ“

По намерата за преземање, Скопски пазар на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непреставувањето на г.г Стефан како „Архиепископ Охридски и Македонски” било ненамерен пропуст

Редакција

Трагедија: Седумгодишно дете пронајдено починато во поток во скопското село Грушино

Редакција

Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево

Редакција