еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По трет пат одложено судското рочиште за случајот со родилката од Дебар

Во Основниот суд во Струга денеска по трет пат беше одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од болницата во Струга.

Одлагањето, како што беше истакнато на денешното рочиште, на кое требаше да сведочи медицинска сестра на барање на Обвинителството, е поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Судењето е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција.

Адвокатот на оштетената Веапоска, Сашо Јанев смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и оти одлагањето не е дел од неговата тактика.

– Го познавам како чесен адвокат и верувам дека навистина е на оперативен зафат. Јас му посакувам брзо оздравување. Секој адвокат има своја тактика. Искрено не верувам дека ова е дел од тактиката.

Меѓутоа, сепак премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се убрза целокупниот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најскор можен рок, изјави Јанев по излегувањето од судницата.

Оштетената Веапоска, смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

– Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај, рече Веапоска.

Кажа дека досега се немала соочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но оти сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба се повеќе и се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши средбата на историската комисија со Бугарија, се дискутирало за средновековната историја

Редакција

Четири медали за Македонија на Светската олимпијада по геонауки во Пекинг

Редакција

Лихва или добро работење: Македонските банки подобри од европските

Редакција