еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Фирма во сопственост на семејството на пратеникот Крсто Мукоски доби тендер вреден 1,2 милиони евра

Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје по распишаниот тендер за набавка на градежни работи за изградба на објект Б-4 Лозов Расадник ул. „Питу Гули“ во Свети Николе склучи договор со друштвото за производство трговија угостителство градежништво и услуги „Атриум“ ДОО увоз-извоз Вевчани.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 76.960.351 денари или околу 1,2 милиони евра.

Како потписник на договорот се јавува Бобан Мукоски, брат на пратеникот избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој беше исклучен од партијата откако гласаше за уставните измени согласно Преспанскиот договор.

Податоците на Бирото за јавни набавки покажуваат дека во изминативе две години оваа фирма добила неколку тендери од државни институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц не сакал во ЕУ, ама и по прифаќањето на „францускиот предлог„, процесот за влез нема да ни бил лесен

Редакција

Високиот процент на одбиени визи од САД за македонски граѓани е поради несоодветни апликации, велат од МНР

Редакција

(Фото) „Голф“ падна од мост во Вардар на патниот правец Желино-Тетово, не се знае состојбата со патниците

Редакција