еМагазин
Image default
ЖИВОТ

По затворањето поради зараза со морбили на дел од персоналот: Почна со работа хируршкото одделение во струшката болница

Хируршкото одделение во струшката општа болница денеска почна со работа, по пауза од околу една недела поради зараза со морбили на дел од персоналот, како превентива против ширење на заразата.

Ваквата одлука ја донела Комисијата за хоспитални инфекции, информира претседателот Мухамед Асани. Тој посочи дека ја следат состојбата и со останатите одделенија на болницата.

– Извршена е дезинфекција на болницата, а вакциниран е и поголем дел од персоналот. Оние што беа заразени од морбили се излекувани и вратени се на работа, изјави Асани.

Началникот на струшката хирургија, др. Владо Дојчиновски посочи дека нема нови заразени случаи на вработени во одделението последнава недела.

– Комисијата одлучи, и ние од денеска почнавме со работа. Веднаш почна со работа и оперативниот дел. Поминаа повеќе од седум дена, период на инкубација и нема нови заболени од морбили, изјави Дојчиновски за МИА.

Според раководителот на епидемиолошката служба во Струга Добривое Кузманоски, трендот со заболени од морбили последните денови опаѓа.

– Вчера имавме само една пријава на заразено лице со морбили на територија на општина Струга, додека минатата недела имаше шест заразени. Се намалува трендот на заразени, а во наредниот период очекуваме состојбата да се нормализира, изјави Кузманоски.

Хируршкото одделение во струшката општа болница беше затворено повеќе од една недела, како превентива од ширењето на малите сипаници со кои беше заболен дел од персоналот, а итните случаи беа препраќани во болницата во Охрид.

Во Струга и Струшко од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 120 заразени од морбили.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Доктор Лазаров: Експеримент кој покажува дека немиење раце не е опција и да нема корона

Редакција

Проф. Трајковски: Во Куманово често гледаме над 40% позитивни тестови на Ковид-19, пораст на бројките и во Гевгелија

Редакција

Во четврток, петок и сабота температурата и до 39 степени

Редакција