еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правен факултет

На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки.

– Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател, објави Правниот факултет на Фејсбук.

Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.

Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За прв пат е изведена хибрид операција кај бебе од три килограми со хипопластично лево срце во клиничката болница “Жан Митрев”

Редакција

Децата имаат проблем со дишните патишта, возрасните со срцето, бубрезите, нервниот систем: Доктор Зекири објаснува за постковид синдромите

Редакција

Почина Јана Арсовска, девојката борец за која се немаше слух за помош

Редакција